Познато кој го исфрли Роналдо од првиот тим на „ѓаволите“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед преку соопштение потврди дека Кристијано Роналдо е казнет поради тоа што го напушти теренот пред да заврши дуелот против Тотенхем.

Роналдо нема да биде дел од екипата која ќе се соочи против Челси во големото дерби во Премиерлигата в сабота, а нема ниту да тренира со неговите колеги.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека конечната одлука за исфрлање на Роналдо од тимот ја донел тренерот Ерик Тен Хаг, кој уште вчера најави дека денеска ќе биде решен проблемот.

Роналдо сезонава одигра 12 натпревари за „црвените ѓаволи“ од кои осум во Премиерлигата и четири во Лига Европа, а постигна само два гола и тоа е малку за негов стандард.