Познато колку пари ќе плати Реал Мадрид за потписот на Мурињо


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Португалскиот стратег Жозе Мурињо би можел да се врати на клупата на Реал Мадрид, доколку по претседателските избори во клубот дојде до промена на раководството и доколку актуелниот претседател Флорентино Перез остане на функцијата.

Според информациите што кружат во шпанските медиуми, планот е Мурињо да биде промовиран како нов тренер на „кралскиот клуб“, а целата операција наводно е веќе делумно подготвена зад сцената.

Од Лисабонскиот клуб е јасно дека отштетата изнесува околу 15 милиони евра, сума која би ја активирал Реал Мадрид доколку сака веднаш да го ангажира португалскиот тренер.