Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ објави дека трансферот на Луис Суарез во Атлетико Мадрид чинел пет милиони евра и не бил бесплатен како што се мислеше досега.
Суарез минатото лето ја напушти Барселона и се пресели во Мадрид, а во меѓувреме се појавија информации дека Каталонците за него добиле пет милиони евра и преку дополнителни бонуси може да заработат уште шест милиони евра.
Ако Суарез одигра најмалку 20 меча за Атлетико, ако тимот се пласира во четвртфинале на Лигата на шампиони, како и Атлетико да обезбеди пласман во ЛШ, тоа се клаузули за кои Барселона ќе добие по два милиони евра.