Познато колку пари ќе добие Мбапе во Реал Мадрид


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Еден од најдобрите напаѓачи во светот, Килијан Мбапе заминува од ПСЖ, а како негова следна дестинација се споменува Реал Мадрид.

Засега сè уште нема потпишано договор со „кралевите“, но тоа се очекува наскоро, а во меѓувреме новинарот Фабрицио Романо објави детали за неговата плата.

Мбапе ќе добива плата како и останатите ѕвезди на тимот, Винисиус Жуниор и Џуд Белингам, кои добиваат по 24 милиони евра годишно.

Французинот ќе добие и бонус од 100 милиони евра за потпишување на договор со „кралевите“, но таа сума најверојатно ќе биде исплатена на рати додека му трае соработката.