Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона остана без својата легенда. По 17 години минати во првиот тим, Лионел Меси си замина од Каталонија.
Заминувањето на Меси ќе ја чини Барселона вкупно 137 милиони евра, а тоа се однесува на клупската вредност.
Вредноста на Барселона ќе падне за околу 11 проценти во однос на досегашните 1,26 милијарди евра.
Околу 77 милиони евра се однесуваат на падот на приходите од рекламите, додека заработката од продажба на дресови и останати производи ќе се намали за 43 милиони евра.
Трета категорија во која Барселона ќе загуби пари е заработката на денот на натпреварите и резултатите на теренот, а тоа е сума од 17 милиони евра.
„Присуството на Меси во Барселона без сомнеж му помогна на клубот да привлече внимание на навивачи ширум светот и подобри фудбалери, како и други договори“, соопштија од компанијата за финансии.