Познато колку пари ќе заработува Мбапе во Реал Мадрид


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе наскоро ќе потпише за Реал Мадрид, откако реши како слободен агент да го напушти ПСЖ на крајот на сезоната.

Мбапе треба да потпише петгодишен договор со шпанскиот гигант и притоа да заработува по 15 милиони евра годишно, а исто така и бонус од 150 милиони евра кога ќе го потпише договорот.

„Скај Спортс“ пишува дека Мбапе во ПСЖ заработувал 75 милиони евра годишно, а добил бонус и од 30 милиони евра.

Мбапе засега не откри каде ќе игра во иднина, меѓутоа сè посилни се шпекулациите дека наскоро ќе го облече дресот на „кралскиот тим“.