Познато колку пари понудил Арсенал за Барди


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Премиерлигашот Арсенал испратил понуда за македонскиот фудбалер Енис Барди во висина од 20 милиони евра.

Шпанските медиуми пишуваат дека Микел Артета го сака Барди во својата екипа, но за тоа ќе мора да плати многу повеќе пари, отколку што Леванте го откупи Македонецот.

„Ла Разон“ објави дека понудата на „топчиите“ изнесувала 20 милиони евра, но најверојатно Леванте нема да го продаде македонскиот репрезентативец за сума помала од 25 милиони евра.