Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба доживеа нова повреда и ќе мора да паузира две-три недели од фудбалските терени.
Французинот се повреди на мечот против Кремонезе во 23. минута, а медицинските прегледи покажаа дека не станува збор за посериозна повреда.
Со оглед на тоа дека сезоната завршува на 4 јуни, тоа значи дека Погба нема да настапи до крајот на истата.
Од друга страна, постои можност Погба да биде подготвен за следниот собир на репрезентацијата на Франција, која во јуни ќе игра квалификациски натпревар за Европското првенство.