Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Диого Јота и неговиот брат загинаа во страотна сообраќајна несреќа, а Кристијано Роналдо не се појави на погребот, поради што доби многу критики, па и навреди. Сега, медиумите во Шпанија објавија што наводно правел Португалецот за време на погребната церемонија на неговиот соиграч од репрезентација.
Фудбалскиот свет веќе денови тагува за Диого Јота и неговиот брат кои ги загубија животите во сообраќајна несреќа во Шпанија пред неколку дена.
Капитенот на репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо, не се појави на погребот, што предизвика бурни реакции во јавноста.
Во почетокот се зборуваше дека имал договорна обврска да биде присутен на друго место, но тоа не било точно.
Потоа, една од неговите сестри наговести дека не патувал бидејќи неговото присуство би предизвикало несакано внимание и целиот настан би се претворил во медиумски циркус.
На крај, шпанските медиуми успеале да дознаат што правел Роналдо додека бројни големи фудбалски имиња биле присутни во португалскиот град Гондомар на погребот.
Според шпанскиот таблоид Ultima Hora, CR7 минатата сабота бил забележан како плива на Мајорка, неговата омилена дестинација за летен одмор.
Cristiano Ronaldo holidays on a yacht in Mallorca with partner Georgina Rodriguez amid questions over why he didn’t attend team-mate Diogo Jota’s funeral for ‘personal reasons’ https://t.co/S1BDvJ9Iyu
— Daily Mail Australia (@DailyMailAU) July 7, 2025
Фото: Принтскрин
.