Познато во чии прегратки отрча Фати по голот за Барселона 📸


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона вчера на домашен терен го победи Леванте со 3-0 во мечот од седмото коло во шпанската Ла Лига и конечно ја прекина лошата серија во домашниот шампионат.

Каталонскиот клуб по неколку лоши меча конечно победи, а натпреварот го одбележа младиот Ансу Фати, кој пред почетокот на сезоната го доби бројот 10 на дресот затоа што Лионел Меси си замина.

Овој 18-годишен фудбалер по речиси една година се врати на теренот по повредата, а Роналд Куман му даде шанса и не зажали.

Фати во првата минута во судиското надополнување постигна гол за конечни 3-0 и покажа уште еднаш дека станува збор за навистина голем потенцијал и иден лидер на екипата.

По голот Фати отрча во трибини, а таму го прегрна Луис Тило, кој беше во докторскиот тим на каталонскиот тим и му помогна да оздрави.