Познато зошто Белингам се решил за Реал Мадрид – не е за пари!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Англискиот фудбалер Џуд Белингам летово ќе се пресели во Реал Мадрид, иако за неговите услуги повеќе пари нудеа ПСЖ и Манчестер сити.

Реал Мадрид во следниот период треба да испрати понуда до Борусија Дортмунд за трансфер, откако веќе ги договори условите со Белингам за преселба во Шпанија.

Белингам имал примамливи понуди од ПСЖ и Манчестер сити, но тој не сакал да игра за „пластични тимови“ и поради тоа се решил за еден од најдобрите клубови во светот.

Дортмунд го купи Белингам од Бирмингем во 2020 година, а за неговиот трансфер во Реал Мадрид се очекува да заработи над 100 милиони евра.