Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразил ќе се обиде да освои уште една титула на Мундијалите, а избраниците на селекторот Тите ги почнуваат возбудувањата на 24 ноември против Србија.
Тите ќе замине по Светското првенство (СП), а неговото место можел да го преземе Пеп Гвардиола, но сепак тоа нема да се случи.
Поранешниот потпретседател на федерацијата во разговор со бразилските медиуми кажал дека разговарале со Гвардиола, но не можеле да се договорат за финансиите.
Гвардиола сака да ја преземе бразилската репрезентација, но само ако доби плата од 24 милиони евра, додека Бразилците му понудиле двапати помалку.