Познато зошто Ретклиф го избркал Ешворт од Манчестер јунајтед


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Газдата на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ратклиф, не беше задоволен од она што го направи Дан Ешворт на вториот тренинг од доаѓањето на Рубен Аморим во клубот.

Ешворт по само пет месеци во овој клуб на позицијата спортски директор, доби отказ од „црвените ѓаволи“.

Ратклиф бараше предлози од Ешворт за нов тренер, а тој ги предложил Марко Силва, Томас Франк и Греем Потер. Ешворт, сепак, не се трудел многу за Рубен Аморим и тоа го налутило газдата на клубот.

Ешворт, наводно на вториот ден од доаѓањето на Аморим на чело на Манчестер Јунајтед, одлучи да земе годишен одмор, што не му се допаднало на Ретклиф, кој решил да му даде отказ.