Прандели со еден куп пофалби: Пандев имаше одличен настап против Наполи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џенова извлече бод на гостувањето во Наполи (1-1), а одличен настап имаше македонскиот репрезентативец Горан Пандев, кој асистираше за погодокот на неговата екипа.

По мечот пофалби за македонскиот капитен имаше од сите страни, а една од нив дојде и од тренерот Чезаре Прандели, кој кажа за „Газета дело Спорт“ дека го „посрамотил“ својот поранешен клуб со неговиот одличен настап.

„Пандев одлично се пробиваше меѓу редовите на Наполи, па жалам затоа што не постигна гол, иако на стартот имавме многу шанси“, кажа Пандев.

Навивачите на социјалните мрежи го пофалија Пандев поради неговиот настап, а исто така при замената тој со аплауз беше испратен надвор од теренот.