Пред 16 години Меси го постигна првиот гол за Барселона и покажа дека е генијалец 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси за голем број љубители на фудбалот е еден од најдобрите фудбалери во историјата, а неговата магија во Барселона почна пред точно 16 години.

Барселона на 1 мај 2005 година на домашен терен играше против Албасете во меч од 34. коло во шпанската Ла Лига, а главна ѕвезда на теренот беше Роналдињо.

Роналдињо играше на врвно ниво, но многумина не очекуваа дека на мечот ќе се појави нова ѕвезда, и тоа ќе биде Меси.

На натпреварот против Албасете Меси влезе во второто полувреме на местото на Самуел Ето, а во судиското надополнување го постигна својот прв гол во дресот на Барселона.

Меси во тој момент му се претстави на фудбалскиот свет и со својот гол покажа за каков генијалец станува збор.