„Пред да починам сакам да го видам Роналдо во дресот на Спортинг Лисабон“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро му помогнала на својот син во развивањето на фудбалска кариера, а сега за медиумите кажа дека сака да го види во дресот на матичниот клуб.

Најголема желба на Долорес е Роналдо да се врати во Спортинг Лисабон, каде што играше пред да се пресели во Манчестер јунајтед.

„Роналдо мора да се врати во Спортинг Лисабон. Му кажав дека пред да починам, сакам да го видам во дресот на Спортинг, а тој ми кажа дека ќе видиме. Ако не може да се случи тоа, тогаш неговиот син ќе заигра во Спортинг“, вели Долорес.