Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на премиерлигашот Брентфорд, Кристијан Ериксен се врати во националниот тим на Данска, и тоа девет месеци откако доживеа инфаркт во тек на натпревар од Европското првенство (ЕП) и едвај остана жив.
Ериксен беше клинички м*тов минатото лето на Европското првенство, кога се онесвести на почтокот на мечот против Финска, па многумина прогнозираа дека нема да му се врати на фудбалот.
Меѓутоа, селекторот на Данска го повика Ериксен за пријателските натпревари со Холандија на 26 и Србија на 29 март.
Данецот од 12 јуни живее со дефибрилатор во себе, а во меѓувреме мораше да го прекине договорот со Интер затоа што во Италија не му беше дозволено да настапува.