Пред две години го повреди Роналдо на тренинг и никогаш повеќе не доби повик во првиот тим на Реал Мадрид


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ману Хернандо е фудбалер од академијата на Реал Мадрид, но во првиот тим никогаш не доби вистинска шанса. Овој 21-годишен дефанзивец пред почетокот на сезоната замина на позајмица во Расинг до крајот на сезоната.

„Марка“ пишува дека вратата за Хернандо во првиот тим на Реал Мадрид е затворена пред две години. Тогаш Зинедин Зидан го повика да тренира со првиот тим и тој беше добар на тренинг, но во една акција направи прекршок и го повреди Роналдо, кој збесна поради тоа.

Хернандо веднаш се извини поради неговиот потег, но според шпанскиот медиум, тоа било пресудно за младиот фудбалер, кој повеќе нема да добие шанса во првиот тим.

По инцидентот Хернандо никогаш не доби повик да игра со првиот тим, а не е јасно кој ја донел таа одлука.