Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Макс Тејлор го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ и ќе остане на „Олд Трафорд“ уште една сезона.
Фудбаелерот на кој му беше дијагностициран рак на тестисите во 2018 година комплетно се излечи од опасната болест и се врати на тренинзи пред нешто помалку од една година.
Солскјер го вклучи Тејлор и во тимот за натпреварот против Астана во групната фаза од Лига европа, а во јануари фудбалерот направи неочекуван трансфер на позајмица во тимот на Сталубриџ Селтик, клуб кој се натпреварува во осмата лига во Англија.
Освен Тејлор, нов договор со клубот потпиша и Џејкоб Керни, млад голман кој неколку пати има тренирано со првиот тим на „ѓаволите“.