Пред последната замена влезе како шести, а на крајот успеа да победи! (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Американскиот јуниорски тркач Себастијан Спенсер на едно од младинските натпреварувања направи огромен успех.

Јуниорот на средно училиште од Западна Вирџинија на трка 4 по 100 метри штафетата ја презема како шести, но на крајот успеа да му ја донесе победата на својот тим.

Спенсер го има рекордот на 100 метри во Западна Вирџинија, а во оваа трка покажа дека поседува голем потенцијал и дека е далеку пред конкуренцијата.

Во продолжение е видеото на кое може да погледнете дека момчето како куршум прелета покрај неговите ривали и го освои првото место.