Пред шест месеци пристигна во Сити, а сега и официјално го напушти клубот


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Младиот шпански бек, Анхелино, пред само шест месеци се врати во редовите на Манчестер Сити откако имаше импресивна сезона во тимот на ПСВ.

Сепак, по не многуте шанси за настап во првиот дел од сезоната, одлучено е Анхелино да си замине од клубот на шестмесечна позајмица.

Така левиот бек потпиша шестмесечен договор со Ред Бул Лајпциг, а договорот би можел да стане перманентен ако германскиот клуб по крајот на позајмицата уплати уште 25 милиони фунти.