Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Синоќа стигна официјално соопштение дека Жорге Жесус, „предавникот“, се вратил во Бенфика, откако пред пет години го напушти клубот.
Жесус во 2015 година за неколку милиони повеќе замина во редовите на големиот ривал Спортинг Лисабон.
Меѓутоа, мина многу време од тогаш и навивачите полека го забораваат тој потег, а колку важен лик беше Жесус меѓу навивачите доволно покажува дека паднал клупскиот сајт по неговата промоција.
Жесус три години го предводеше Спортинг, а потоа замина во Саудиска Арабија во Ал-Хилал. Во јуни минатата година го презема Фламенго, па ја освои титулата во Бразил и Копа Либертадорес, по што реши дека е време да се врати во Португалија.