Предавство во последен момент: Вајналдум, наместо во Барселона, се сели во друг гигант?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона беше сигурна дека ќе го ангажира Жоржињо Вајналдум како слободен агент како што направи со Серхио Агуеро и Ерик Гарсија.

Вајналдум беше долго време во преговори со Барселона, а на „Камп Ноу“ имаше и договор, па требаше да мине само медицински прегледи, но тоа нема да се случи.

Каталонците имаат финансиски проблеми поради кои не можат да му понудат идеални услови, а тоа ќе го искористи ПСЖ, кој му понудил на Холанѓанецот повеќе пари.

Фабрицио Романо, кој ретко греши за трансфери, тврди дека парижаните му понудиле двојно повеќе пари на Вајналдум и тој најверојатно ќе потпише за нив.

Доколку Барселона не реагира во следниот период и не ја зголеми понудата, тогаш 30-годишниот фудбалер наместо на „Камп Ноу“ ќе се пресели на „Паркот на приноците“.