„Преговарам со Реал Мадрид, би сакал наскоро да постигнеме договор“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ајакс убедливо славеше во второто коло од холанѓанскиот шампионат против Емен со 5-0, а еден од стрелците беше и Дони Ван де Бек, кој во следните денови би можел да се пресели во Реал Мадрид.

Ван де Бек беше важен дел од екипата и минатата сезона, кога Ајакс имаше фантастична сезона и ја освои двојната круна во Холандија, а исто така се пласираше во полуфинале на Лигата на шампиони.

Реал Мадрид е клубот, кој најмногу интерес покажа за 22-годишниот фудбалер, а дел од холанѓанските медиуми пишуваат дека „кралевите“ дека клубот ќе плати 55 милиони евра за Ван де Бек.

„Во моментов водиме преговори. Би сакал ситуацијата да е поинаква. Кога  сум на теренот и играм фудбал, тогаш никогаш не размислувам за трансфер“, вели Ван де Бек.