Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преговорите меѓу Барселона и ПСЖ за трансфер на Нејмар пропаднаа, барем така тврди „Мундо Депортиво“, кој објави дека понудата на Каталонците е одбиена.
Барселона понудила 135 милиони евра, плус Ракитиќ и Тодибо, како и едногодишна позајмица на Дембеле, но парижаните тоа го одбиле.
ПСЖ сака да ги врати вложените пари во Бразилецот, поточно 222 милиони евра и тие сметаат дека нивната понуда не била задоволувачка.
Сега на потег е Реал Мадрид, односно нивниот претседател Флорентино Перез.
Перез планира во Париз да испрати понуда составена од Винисиус плус пари, па остануда да видиме дали францускиот шампион ќе прифати таква понуда.