Преговорите се при крај: Нејмар ќе потпише богат договор!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


ПСЖ во моментов преговара со Нејмар за да ја продолжи неговата соработка и да не му дозволи да се врати во Барселона со која често се поврзува во светските медиуми.

Како една од причините поради кои Нејмар сака да остане во Париз е можното пристигнување на Лионел Меси следното лето.

Нејмар има договор до 2022 година со ПСЖ и заработува 31 милион евра годишно, но со новата соработка ќе добие иста плата и поголеми бонуси.

Пристигнувањето на новиот тренер Маурисио Покетино само ги забрза преговорите помеѓу двете страни, па Нејмар е многу блиску до потпис на нов договор.