Преговорите се во напредна фаза: Пиоли се враќа во Серија А


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли, наскоро би можел да се врати на големата сцена во италијанскиот фудбал, откако медиумите од Апенинскиот полуостров известуваат дека е многу блиску до договор со Рома.

Како што објавува угледниот весник Ла Република, преговорите меѓу Пиоли и управата на „волчицата“ се во напредна фаза, и се очекува брзо официјализирање на соработката.

Иако Пиоли моментално работи како тренер на саудискиот Ал Наср, италијанскиот стратег наводно е определен повторно да се врати на работа во Европа.

Фото: AlNassr FC/Twitter