Прекин на првенството: Вардар нема да биде шампион!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардар имаше одлична сезона и пред прекинот поради пандемијата на коронавирусот тие имаа предност од 10 бодови повеќе од Силекс и 11 повеќе од Шкендија на 13 кола пред крајот на првенството.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реши да го прекине првенството и да не го прогласи Вардар за шампион и покрај нивната убедлива предност, а како причина за тоа се споменува тоа што не биле одиграни доволно натпревари.

ФФМ прво планираше да се игра во ПМФЛ плејоф и плејаут, но очигледно плановите се сменија и слободно може да се каже дека како најоштетен во случајов испадна Вардар, кој чекореше кон нова титула во историјата.