Прекрасни вести во домот на Надал: Рафа ќе стане татко!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Четвртиот тенисер во светот Рафаел Надал и неговата љубов од тинејџерските денови, Марија, конечно ќе го добијат првото дете.

Надал неколку пати кажа дека сака да има деца, но дури кога ќе ја заврши кариерата, а дали ќе го направи тоа останува да видиме следната година.

Магазинот „Ола“ објави дека на Марија може да ѝ се забележи стомакот, додека во моментов ужива со Надал на Мајорка.

Неговите најголеми ривали Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ успешно ја прифатија улогата на родители, а Шпанецот се надева на истото во годините кои доаѓаат, па можеби детето ќе биде уште една причина за да ја заврши кариерата, освен тоа што има сериозни проблеми со стапалото.