Прекрши заклетва и го избркаа од репрезентација и се пресели во Русија, па ги замолче критичарите!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Томас Ертел се пресели во Зенит од Санкт Петербург и предизвика голем број реакции во татковината, а исто така Французинот беше исфрлен и од неговата репрезентација.

Ертел ја прекршил заклетвата да не се пресели во Русија ако сака да го носи дресот на француската репрезентација, но по Евробаскетот кошаркарот реши да потпише за Зенит.

Ова предизвика голем број критики од страна на навивачите, кои не се среќни со потегот на Ертел кој игра во земјата која води војна со Украина.

„Сакам да им кажам на критичарите да не си го губат времето. Не ми е гајле што зборуваат. Не грижете се за мене и не си го губете времето. Ви благодарам“, кажа Ертел.