До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ракометната федерација на Македонија соопшти дека, заедно со Министерството за спорт, е обезбеден финансиски стимул за настапот на Европското првенство, при што секој триумф ќе биде награден со два милиони денари, а обезбедувањето место во наредната фаза носи уште дополнителни два милиони.
„Ракометна Федерација на Македонија е со нашите ракометари пред новиот европски предизвик – со тим кој не го поврзува само дресот, туку и заедничката љубов кон ракометот и Македонија. Играњето за репрезентацијата е чест, но и огромна одговорност. Убедени сме дека нашите ракометари ќе настапат со мирна глава, силна мотивација и максимална посветеност на Европското првенство што од 15 јануари до 2 февруари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Континуитетот на настапи на големите натпреварувања е доказ за сериозна работа, истрајност и македонско срце. Во соработка со Министерството за спорт, ќе биде обезбедена премија од 2 милиони денари за секоја победа, како и дополнителни 2 милиони денари за пласман во втората фаза на ЕП 2026“, објави РФМ.
Македонија во групната фаза ќе игра против Данска, Португалија и Романија.













