Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По 100 дена пауза, натпреварувањето во Премиер лигата продолжи со реми исходот (0:0) помеѓу Астон Вила и Шефилд Јунајтед.
Во натпреварот во кој немаше голови највпечатлив момент беше оној од 42. минута кога Шефилд Јунајтед беше оштетен за гол.
Судијата покажа дека не добил знак дека топката ја поминала гол линијата и не досуди на центарот.
Астон Вила потоа имаше некои поконкретни шанси, но голманот на Шефилд, Дин Хендерсон во неколку наврати реагираше одлично и ја сочува својата мрежа.
Она што остави пријатен впечаток е начинот на кој Астон Вила го организираше натпреварот со импровизиран звук од трибините кој го замени звукот кој го создаваат навивачите.