Премиерлига од следниот месец ќе воведе неколку промени за ВАР-технологијата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ВАР-технологијата од сезонава се применува во Премиерлигата, а не доби најдобри оцени на стартот на сезоната, па поради тоа ќе се прават промени.

Од оваа сезона ВАР-системот се користи во најсилната англиска лига, а тоа ги воодушеви сите, но не оди како што се надеваа. Судиите прават големи грешки, иако имаат ВАР.

„Скај Спортс“ објави дека бил постигнат договор од следниот месец да се воведат неколку промени за користењето на ВАР-технологијата. Целта е да не се губи многу време на гледање на снимките, па навивачите на стадионите ќе добијат детално објаснување за секоја одлука.

Во Премиерлигата се надеваат дека оваа промена ќе донесе подобри резултати на ВАР-системот, а дали ќе има дополнителни промени ќе се знае по завршувањето на состанокот.