Премиерлигашите бараат Манчестер сити да биде исфрлен од лигата


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Манчестер сити е обвинет дека го прекршил финансискиот фер-плеј над 100 пати во период од 2009 до 2017/18, а независна комисија наскоро ќе донесе конечна одлука.

Најголем дел од тимовите од Премиерлигата бараат Манчестер сити да биде исфрлен од првенството, ако се докаже дека е виновен за прекршување на правилата.

Најмногу на тоа инсистираат Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Челси, а се споменува и одземање на титулите како можна казна.

Премиерлигашот во последните 11 години освои дури шест титули во Премиерлигата, па останува да видиме што ќе реши независната комисија.