Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Челси се соочува со сериозни проблеми поради нивниот поранешен сопственик Роман Абрамович, откако се појавија документи кои би можеле да покажат дека клубот ги прекршил правилата на Финансискиот фер-плеј (ФФП).
Истражувањето на „Гардијан“, како и уште неколку медиуми, покажуваат нелегални плаќања во висина од десетици милиони фунти.
Овие плаќања биле извршувани преку „офшор компании“ кои му припаѓале на рускиот милијардер, кој беше приморан да го продаде англискиот гигант по воениот конфликт меѓу Русија и Украина.
Фудбалската асоцијација на Англија почнала истрага против гигантот од Лондон и би можела да му одземе бодови доколку се покаже дека тимот е виновен.