Премиерлигата на илегални стримови губи – милион фунти по натпревар!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Англиски прволигаш побарал истрага за тоа колку Премиерлигата губи пари поради илегални стримови на натпреварите.

Американската компанија „ГумГум Спортс“ анализираше осум натпревари од минатата сезона од англиското првенство, па откри дека во просек натпреварите ги гледале 7,1 милион „илегални“ гледачи. Најмногу корисници имало од Кина, Виетнам, Кенија, Индија и Нигерија.

Американците заклучиле дека Англичаните така губат по милион фунти од натпревар. Корисниците на преносот исто така ги гледаат сите реклами на дресовите и оградите на теренот, но нивното гледање на мечовите не може да се мери и користи во маркетинг-цели.

„Илегалните преноси долго време не се земаат во предвид, но фактот дека се губи многу пари на нив е страшен. сопствениците на телевизиските права тоа полека го сфаќаат и веруваат дека во иднина тоа ќе се намали“, порачаа Американците.