Премиерлигата собра храброст: На Манчестер сити му се заканува распад


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството на Премиерлигата неодамна му изрече висока казна на Евертон поради кршење на финансиските правила, а сега на удар на лигата е и Манчестер сити.

Актуелниот шампион е обвинет за кршење на дури 115 правила во период од 14 сезони. „Граѓаните“ се обвинети дека фалсификувале финансиски документи, а во прилог не им оди и недостатокот на соработка со истрагата која беше отворена во 2018 година.

Водството на најсилната лига во светот реши да го тужи клубот и би можела да му изрече драконска казна во 2025 година.

Според шпекулациите на медиумите, „граѓаните“ би можеле да бидат исфрлени во понизок ранг на натпреварувањето, иако тимот може да добие и парична, но и бодовна санкција.