Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Шпански „АС“ информира дека играчите на Барселона се уште се во шок откако тимскиот доктор е пронајден мртов во својата хотелска соба на денот на натпреварот против Осасуна.
Потоа, натпреварот против тимот од Памплона беше одложен, а она што сега следи за Барселона е Лигата на шампионите.
Барселона утре ќе биде домаќин на Бенфика во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Барселона има предност од првиот натпревар, со оглед на тоа што победата 1:0 во Португалија ја донесе Рафиња.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, каталонскиот клуб упатила барање до УЕФА барајќи ниту еден играч да не биде присутен со Ханси Флик на конференцијата која претходи на натпреварот против Бенфика.
Како што е јасно наведено во правилникот на континенталниот форум, играч мора да говори на конференцијата пред натпреварот, но и во мешаната зона по натпреварот, овој потег е вистински преседан.
Новинарите на португалскиот „Рекорд“ откриваат дека УЕФА го прифатила барањето на Барселона, па ниту еден играч нема да говори на конференцијата за новинари која е закажана за денес.