Пресметана висината на небескиот скок на Роналдо против Рома ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо стигна до бројката од 450 голови во трите најсилни лиги во светот, откако постигна два гола против Рома.

Роналдо прво ја затресе мрежата на клубот од Рим од белата точка, по што ги воодушеви сите со небескиот скок, со кој стрелаше уште еднаш.

Многумина ги интересираше колку скокнал Португалецот, со оглед на тоа дека тој се задржа доволно време во воздух за да ја удри топката со глава.

При скокот Роналдо достигнал висина од 2,28 метри, а на фотографијата мже да се забележи дека ривалите не можеле ништо да направат за да го запрат португалскиот фудбалер.