До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Лос Анџелес Лејкерси после продолженија го победија Денвер Нагетси 127:125. Херој е Лука Дончиќ кој го погоди шутот за победа во последната секунда, а обрачун против Никола Јокиќ беше чудесен.
Лука Дончиќ и Никола Јокиќ приредија врвен спектакл изминатата ноќ. На крајот од обрачнот Лејкерси и Нагетси се радуваше Лука и тоа на каков начин.
Последниот напад на натпреварот, се разбира, беше во рацете на Лука Дончиќ. Узалудна беше добрата одбрана на Спенсер Џонс над него, Лука тргнува кон кошот, прави step-back и потоа преку рака погодува за триумф на Лејкерси 127:125.
Нормално, арената скокна на нозе. Сè експлодираше во тие моменти. Погледнете како изгледаше тоа.
Дончиќ го заврши мечот со triple-double учинок. Постигна 30 поени, имаше 13 асистенции и 11 скокови.
Од друга страна, уште една монструозна партија одигра Никола Јокиќ. Нормално, оствари уште еден triple-double. Српскиот кошаркар во овој дуел постигна 24 поени, фати 16 скокови, и додаде 14 топки.
LUKA. BALLGAME.
— ESPN (@espn) March 15, 2026
LUKA DONCIC WINS IT IN THE CLUTCH FOR THE LAKERS 🔥 pic.twitter.com/yIXlJGvbnN















