Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Претседателот на францускиот шампион ПСЖ, Насер Ал-Келаифи по жалбата денеска беше ослободен од Сојузниот Суд во Швајцарија во случајот со ТВ-правата.
Жером Валцке, исто така, е ослободен, но сепак доби 11-месечна затворска казна со суспензија поради „пасивна корупција“.
Швајцарскиот суд реши да го ослободи Ал-Келаифи во случајот „ФИФгејт“ и доделување на ТВ-правата, а расправата беше одржана уште во март.
„Нашиот клиент е ослободен по вторпат во овој случај. Тоа е многу важна победа, овој пат остварена преку највисокиот Федерален казнен суд“, кажа адвокатот на Ал-Келаифи.