Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
На крајот на сезоната Манчестер сити ќе остане без услугите на Серхио Агуеро, чиј договор завршува и нема да биде продолжен.
Агуеро се поврзува со многу клубови, а наводно има веќе и многу понуди од Островот, па Аргентинецот планира да остане во Премиерлигата.
„Телеграф“ објави дека 32-годишниот напаѓач во моментов размислува за Тотенхем и Челси, клубови кои сакаат да го ангажираат.
Агуеро поради желбата да остане во Англија е подготвен да се пресели и во клуб кој следната сезона нема да игра во Лигата на шампиони (ЛШ).
Аргентинскиот напаѓач за Сити одигра 384 меча и постигна 257 голови и учествуваше во најголемите успеси на премиерлигашот.