Пресврт: Араухо го „откачи“ Јувентус и ќе потпише нов договор со Барселона


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Роналд Араухо повторно се најде во центарот на вниманието поради шпекулациите дека би можел да ја напушти Барселона и да се пресели во Јувентус.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Араухо и Барселона постигнале договор за продолжување на соработката.

Деталите околу новиот договор биле договорени оваа недела, а останува само да се финализираат неколку административни аспекти на претстојниот состанок, по што договорот ќе биде официјално потпишан.