Пресврт: Ѓоковиќ нема пречка да настапи на Вимблдон!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ даде интервју за „Би-Би-Си“ во кое кажа дека нема да се вакцинира, па дури тоа и да значи дека мора да ја прекине кариерата.

Уште не е познато дали Ѓоковиќ ќе може да настапи во Франција на Ролан Гарос, зашто правилата секојдневно се менуваат, но затоа на Вимблдон ќе нема пречка да настапи.

Поранешниот тенисер од Велика Британија, Тим Хенман кажа дека за Ѓоковиќ во моментов не постои никаква пречка за да настапи во Лондон.

„Дали на Ѓоковиќ му е загрозен настапот на Вимблдон? Мислам дека не му е. Турнирот ги следи сите препораки на Владата кои се на сила“, кажа Хенман.

Во моментов нема посебни правила за невакцинираните патници, кои може да влезат во В. Британија без проблеми, односно потребен им е само ПЦР-тест пред поаѓање, пополнет формулат за локација и тест по влезот во државата.