Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новата шампионска титула во кралската класа Марко Маркес беше подложен на операција на десното рамо една недела откако претрпе фрактура на клучната коска на Големата награда на Индонезија.
Возачот на Дукати ја доби повредата на самото стартување на трката, кога Маркo Бекеки го исфрли од патеката со претерано амбициозен напад.
За среќа на Маркез, една недела порано во Јапонија ја обезбеди својата девета титула светски шампион, прва по шест години во кои пропушти 30 трки – најмногу поради повреда на раката и имал над 100 падови.
Веднаш по падот беше познато дека Маркес ја скршил клучната коска, а по пристигнувањето и во Мадрид и по подетални прегледи докторите се одлучија за поконзервативен пристап за закрепнување, кој подразбираше мирување. Но, Шпанецот во понеделникот беше опериран затоа што прегледите покажаа дека коската и лигаментите не покажуваат очекувано ниво на заздравување. Операцијата беше извршена на акромиоклавикуларните лигаменти, а исто така беше стабилизирана клучната коска.
Од Дукати објавија дека Маркес веќе е дома, каде што закрепнува, а од напредокот на тоа закрепнување ќе зависи неговото враќање на патеката.