Пресврт: Меси не планира да го продолжи договорот со ПСЖ?


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси не сакал да го продолжи договорот со францускиот шампион ПСЖ и планира да го напушти клубот следното лето.

Таткото на Меси, Хорхе имал состанок со раководството на ПСЖ, по што биле најавени нови преговори, меѓутоа мали се шансите Аргентинецот да остане во Франција.

Познатиот новинар Фабрицио Романо потврди дека постоел состанок, но не откри повеќе детали.

Иако раководството на ПСЖ беше оптимист за продолжување на соработката, сепак Аргентинецот најверојатно има други планови, па се очекува решавање на мистеријата во следниот период.