До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше ноќеска во третото коло на мастерс турнирот во Индијан Велс, откако, по пресврт, го победи Полјакот Камил Мајшак со 2-1 во сетови (4:6, 6:1, 6:2).
Мајшак во првиот сет освои само еден брејк, но го зачува до крајот.
Во вториот сет Ѓоковиќ направи два брејка, поведе со 5:0 и потоа рутинирано го заврши сетот.
Борбата се разгорела во одлучувачкиот сет, тенисерите ги чуваа своите сервиси до резултат 2:2, а потоа Новак направи брејк во најдолгиот гем на натпреварот и ја промени ситуацијата. Следеше уште еден брејк за водство 5:2, по што Ѓоковиќ сервираше за конечните 6:2 во одлучувачкиот сет.
Во третото коло Ѓоковиќ ќе игра против Американецот Александар Ковачевиќ, кој претходно во сабота со 6:1, 6:4 го победи Французинот Кораентен Муте.
И првиот тенисер на светот Карлос Алкарас се пласираше ноќеска во третото коло, откако го победи бугарскиот играч Григор Димитров со 6:2, 6:3.














