Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ја призна грешката, но конечна одлука и покрај победата на Суд ќе ја донесе министерот Алекс Хок.
„Дејли Мејл“ пишува дека австралиската власт во текот на денот ќе ја подготви документацијата по што ќе го депортира Ѓоковиќ од земјата.
Англискиот медиум пишува дека Владата ќе го направи тоа и покрај притисокот на одреден дел од светската јавност.
Како причина се наведува дека неговиот престој во Австралија е преседан поради нелогичните изјави кои ги имал Ѓоковиќ, па депортацијата ќе биде доказ дека властите тераат ригорозна политика.
Тоа што треба да е јасно е дека „Дејли Мејл“ ретко греши, но навивачите на Ѓоковиќ ќе се надеваат дека овој пат медиумот нема да биде во право.