Пресврт преку ноќ: Кејн заминува од Тотенхем, но останува во Лондон?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хари Кејн се обидува да замине од Тотенхем, па реши да не се појави на тренинзите на тимот за да го натера претседателот Даниел Леви да се согласи на негов трансфер.

Новиот тренер Нуно Еспирито Санто изјави дека Кејн ќе отане, но капитенот на Англија зборувал со сонародниците и им кажал дека сака да си замине од тимот.

Како негова следна дестинација се споменуваше Манчестер сити, но во борбата за неговиот потпис се вклучил и Челси, кој во моментов преговара и со Ерлинг Халанд.

Тотенхем би можел да се договори со Челси затоа што го сака Тами Абрахам, кој има голем квалитет, но не добива шанса кај тренерот Томас Тухел.

Абрахам не би имал ништо против да се пресели во Тотенхем, а Кејн сигурно ќе биде прв напаѓач на Челси пред останатите фудбалери и така „сините“ би добиле еден од најдобрите напади во светот.