Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Винисиус Жуниор изјави дека неговата единствена цел е да остане во Реал Мадрид и дека астрономските понуди од Саудиска Арабија не го интересираат, изгледа дека може да дојде до неочекуван пресврт бидејќи Кралевите се разочарани од неговите потези.
Пред почетокот на оваа сезона, фудбалската јавност ја изненади веста дека Винисиус Жуниор може да го напушти Реал Мадрид поради огромниот интерес кој клубовите од Саудиска Арабија го покажаа за него.
Винисиус изјави пред неколку месеци дека неговата цел е да остане што подолго во Реал и дека други понуди воопшто не го интересираат, но сега излегоа информации дека може да дојде до неочекуван пресврт.
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал и Винисиус веќе некое време преговараат за нов договор и дека сè уште не се помрднале од почетната точка, што предизвикува фрустрација кај Флорентино Перез.
Угледната „Марка“ објави дека Перез е разочаран од пристапот на Винисиус и неговиот агент кога станува збор за новиот договор, бидејќи тој одолговлекува и бара неверојатни суми пари за да остане во Реал, што на крајот може да му се сврти против него.